Metodologii za razvoj na informaciski sistemi (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 34
Процесно ориентирани
методологии
Структурирана анализа и дизајн на информациски
системи (STRADIS)
Главниот исказ на методологијата на развој на
системи на Гејн и Сарсон, наречена STRADIS, се среќава во нивната книга со
наслов Structured System Analysis(Gane and Sarson, 1979). Развојот на овој
пристап на структурирани системи кон анализирање се јави како резултат на
постариот развој на структуриран пристап кон дизајнот. Концептите на
структуриран дизајн прво беа предложени во 1974 година од страна на Стивенс и
др. (1974), и овие идеи подоцна беа развиени и усовршени од страна на Јордон и
Константин(1978) и Мајерс (1975 и 1978). И работата на Џексон (1975), исто така
имаше големо влијание.
Структурираниот дизајн се грижи за изборот и за
организираноста на програмските модули и интерфејси што би решиле претходно
дефиниран проблем. Сепак, тој не дава свој придонес кон дефинирањето на тој
проблем. Ова се покажува како практично ограничување затоа што за развојот на
информациски систем потребно е и аналитичките и дизајнерските аспекти да бидат
адресирани и додека за структурираниот дизајн се сметаше дека донесува
значителни придобивки, овие придобивки би биле изгубени доколку дефиницијата на
оригиналниот проблем не е добор формулирана или не е прецизна.
Одреден број на луѓе се обидоа концептот на
структуриран дизајн да го применат во системската анализа, со цел да развијат
метод за одредување на барањата и да обезбедат интерфејс за структуриран
дизајн. На овој начин беа развиени техниките за структурирана анализа. Освен
работата на Гејн и Сарсон, Де Марко, Вајнберг и Јордон пишуваат за
структурираната анализа опфакајки ги дел од истите основни и користејќи многу
слични техники во рамки на секој пристап.
Гејн и Сарсон, во својата книга, само во кратки
црти ја опишуваат методологијата за развојот на системи. Поголемиот дел од
книгата е посветен на описот на техниките што методологијата ги користи. Ова е
в одиректна спротивност со некои од другите методологии. SSADM и ISAC на пример
ги опишуваат чекорите на методологијата многу детално. Па затоа, најважниот
аспект на STRADIS методологијата е сплотувањето на поголем дел од техниките што
беа одделно опишани во Дел4 од оваа книга. И покрај тоа, ние ќе продолжиме да
го користиме терминот “методологија” во контекст на STRADIS. Овие техники се
користат, во една или друга форма, од страна на голем број методологии и оттука
STRADIS не е единствениот, но заедно со Системскиот метод на Јордон, може да се
смета дека е олицетворение на оние методологии базирани на функционално
разградување и на користењето на дијаграми на тек на податоци,, опишани во
Оддел 12.1.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!